Машкиот и женскиот тим на ШК Алкалоид остварија уште по две нови победи на екипните првенства на Македонија кои се одржуваат во Струмица. Викендов, машкиот тим имаше убдливи победи, против ШК Куманово (5,5:0,5) и ШК Прилеп (5:1).

Во останатите мечеви од 5.коло: ШК Шкупи – ШК Штајниц 3:3; ШК Гамбит Асеко СЕЕ – ШК Анапсан СЕС 5:1 и ШК Гостивар – ШК Куманово 3:3. Слободен беше тимот на ШК Пелагон.

На табелата, ШК Алкалоид има 8 бода, но од четири дуели, додека второпласираниот во моментов ШК Гамбит има исто толку, но ќе биде слободен во последното коло.

На мечевите во женска конкуренција ситуацијата е слична, каде Алкалоид прокнижи две победи над ШК Шах шех од 4:0 и над Гамбит Асеко СЕЕ со 3,5:0,5.

ШК Алкалоид има 10 бода по 5 кола, а со подеднаков износ се и шахистките на МШК Центар, па директниот дуел во последното 7. коло во вторник ќе биде пресуден за титулата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.