Французинот Нилс Алегре е победник на Светскиот куп во скијање супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен, прва победа во неговата кариера. По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја освои својата прва победа и да направи големо изненадување.
Со стартен број 18, патеката Кандахар ја симна за 1:11.92 минути, за 18 стотинки подобар од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување.
Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 1306 бодови, Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови, додека Австриецот Мануел Фелер е трет со 559 бодови.
Одермат (290) води во поредокот за супер Џи-слалом, пред Австриецот Винсент Крихмајр (219) и Саразин (174).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.