Меѓународната унија за триатлон соопшти дека натпреварот во машка конкуренција на Олимпијадата 2024 година е одложен.
– По состанокот за квалитетот на водата и земајќи ги предвид најновите временски информации, машкиот триатлон натпревар, кој требаше да се одржи на 30 јули, е закажан за 10:45 часот на 31 јули. Истиот ден во 8 часот е предвидено да се одржи и женскиот триатлон“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, се известува дека пред двете пливања, водата ќе се тестира за да се осигура дека ги исполнува праговите за пливање на Светскиот триатлон. Резервниот ден определен за 2 август останува на сила.
Вчера, второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата беше откажано поради лошиот квалитет на водата во Сена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.