Поради најава за неповолна временска прогноза со дожд мото-клубот „Мото Велес“ ја одложува дводневната трка во ендуро што викендов требаше да се одржи на патеката за ендуро над велешкото езеро Младост. Трката е презакажана а 25 јуни информира за МИА,Сашко Ванов, организатор на трката и основач и претседател на „Мото Велес“.

Оваа 13. по ред трка ќе се одржи во соработка со МФМ и Општина Велес, а на неа ќе се вози во класите Е1,Е2,Е3 и Е јуниор.

За годинава на трката која е меѓународна се најавени учесници од мото клубови од повеќе држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.