Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, деновиве летува во Хрватска.

Федерер пристигна на Јадранот со семејството, сопругата Мирко и четирите деца од Мајорка каде претходно летуваа.

Не е првпат  да летува на Јадранот, така беше и пред две години, кога со семејството престојуваше на Лошињ.

Федерер овој пат реши да ужива во убавината на националниот парк Крка, па се снимаше во Скрадин.

Интересно е што многумина не го препознаа, само неколку жители се приближија да се фотографираат со него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.