Кардиологот и академик Сашко Кедев пред два дена се искачи на Даулагири, планина од планинскиот венец Хималаи, која со својата надморска висина од 8167 метри претставува седмата највисока планина на светот. Покрај него, на врвот се искачија и 21 член од експедицијата, предводена од тимот на „Мингма Џи“, известија од „The Himalayan Times“.
Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот врв на светот – Монт Еверест, во 2009 година. Минатата есен, кардиологот ја искачи и планината Манаслу, која со својата надморска височина од 8156 метри, претставува осма највисока планина во светот.
Mingma G and team make season’s first summit of 8,000-metre mountain. https://t.co/5gwkT5l4UN
— Everest Today (@EverestToday) April 9, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.