Шпанската престолнина Мадрид ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ). Натпреварот ќе се игра во 2025 година на стадионот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.
Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар стана Лондон уште во 2007 година. Деценија и пол подоцна првиот НФЛ натпревар во Германија се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека оваа година на листата се најде и Франкфурт.
Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги закајне двата наши брендови, а ќе биде ентузијастички поздравена од милиони луѓе на сите континенти“, изјави претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез.
Освен во Европа, натпревари од НФЛ лигата досега се играле и на стадионот „Ацтека“ во Сидуад Мексико, а за 2024 година е договорен и првиот натпревар во Јужна Америка, на 6 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Коринтијанс во Сао Паоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.