Руската ММА организација „Epic Fighting Championship“ организираше борба два на еден во супертешка категорија меѓу професионалниот руски борец Даниел Елбаев од една страна и блогерите Алексеј Бељаев и Полно од друга страна.

И покрај тоа што Полно и Белајев тежеа 226 килограми повеќе од Елбаев, рускиот борец ги нокаутираше за само 22 секунди.

Елбаев најпрвин го нокаутираше Полное а потоа го собори Бељаев на подот, по што го удри неколку пати во глава.

Судијата мораше да ја прекине борбата бидејќи двајцата веќе беа  нокаутирани.

Сепак, по првата бизарна пресметка, двајцата блогери побарале од Елбаев реванш, но тој повторно ги победил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.