Судот за спортска арбитража во Лозана ги отфрли барањата да се суспендира руската тинејџека Камила Валиева поради позитивен допинг тест.
Валиева го воодушеви светот станувајќи првата лизгачка во историјата која извела четирискок во олимписка конкуренција. Во тимското натпреварување на Зимските Олимписки Игри во Пекинг направи дури два, имаше обид и за трет, но падна.
По нејзиниот настап се појави скандал откако се дозна дека користела триметазидин, лек против ангина пекторис и вртоглавица. Организаторите поради целата ситуација го одложија доделувањето на медали. Овој лек бил на листата забранети од ВАДА.
Откако Арбитражниот суд го отфрли барањето таа ќе може да го продолжи настапот во Пекинг и утре ќе се бори за златото во уметничко лизагање во индивидуална конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.