Младиот дански тенисер Холгар Руне (19) втор пат во кариерата освои автомобил како турнирска награда, но проблемот е што сè уште нема возачка дозвола.
Младиот Данец во финалето на АТП турнирот во Минхен го совлада во неделата Ботик ван де Зандшулп од Холандија со 6-4, 1-6, 7-6, а покрај паричната награда доби и нов луксузен електричен автомобил БМВ 14 од спонзорот на турнирот.
Руне својот прв автомобил во кариерата го освои пред една година, токму во Минхен против истиот противник.
Два спортски автомобили, а но сè уште без возачка дозвола! Победничкиот автомобил од лани сега стана наш семеен автомобил. Најчесто го вози мојот татко. Мислам дека некој друг од семејството ќе го добие овој автомобил, рече Руне во интервју за германскиот весник Билд најавувајќи оти на крајот на сезоната конечно би требало да го положи возачкиот испит и да добие дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.