Единствената спортска манифестација посветена исклучиво на понежниот пол ќе се одржи на 9. ти април, 2023 година. Огранизаторот на трката- Сојузот на спортови на Скопје, изјави дека со бројката од 2.500 пријави е срушен рекордот на пријавени натпреварувачки.

Последен ден за пријава за учество на трката е 4 април. Регистрацијата и пријавувањето може да се направи на официјалната страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk. На денот на трката не е можно пријавување.

И оваа година, победничките во генералниот пласман ќе добијат награди, додека награди ќе има и за учесничките во 7 возразни подкатегории: прва категорија до 12 години, втора категорија до 14 години, трета категорија до 18 години, четврта категорија до 30 години, петта категорија до 40 години, шестта категорија до 50 години и седма категорија над 50 години.

Подигнување на стартните пакети ќе биде на 7ми и 8ми април во период од 11 до 18 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски кај лизгалиштето.

Овој спортски настан има за цел да го промовира значењето на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, за здравјето на женската популација како примарна превенција, но и добро дружење, зајакнување на женската солидарност преку активизам, поддршка и мотивација. Дополнително, оваа трка ги охрабрува жените дека со малку волја можат да ги победат сопствените животни рекорди.

Стартот на трката и оваа година е фонтана „Лотос“, а истата започнува во 10 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.