Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз.
Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречката, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената.
Од таборот на етиопската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен.
Дваесет и тригодишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, а има и три сребра на светските првенства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.