Додека Јелена е во Марбеља со своите деца, Новак  Ѓоковиќ поминува време во Србија и Црна Гора, посетувајќи цркви.

На фотографиите се гледа како Ноле ужива во специјалитетите на локалната кујна, што многумина го поврзуваат со промената што се случила во неговиот живот по отсуството на Јелена.

Промената во животот на Новак Ѓоковиќ, кој во друштво на своите родители ги посетува светилиштата во Србија и Црна Гора, се случи на нутриционистички план. Новак, кој во последната година, освен што јаде само вегетаријанска храна, не јаде храна која содржи глутен.

Сепак, судејќи по последните фотографии, кои татко му Срѓан ги објави на својот „Инстаграм“, Новак ја прекршил исхраната во отсуство на сопругата.

Новак во последно временеколку пати јадел храна која содржи глутен . Тој на приемот во Будва зема крофна со мед а јадеше и пита со пријателите во Жабљак.На трпезата имаше  и пршута на радост на обожавателите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.