Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен откако го совлада Енцо Куако со 6:1, 6:7 (5:7), 6:2, 6:0.

На тој меч група пијани момци го провоцираа српскиот ас, а ден по скандалот навивачите на Новак објавија фотографија која предизвика голема бура.

Имено, цел свет се прашува кој е човекот со акредитација, кој во еден момент му подаде рака на навивач кој го испровоцира Ѓоковиќ.

Новак по натпреварот проговори и за проблемот со навивачите, поради што луто му се обрати на судијата пред да бидат исфрлени провокаторите од трибините.

„Она што многу ме мачи е тоа што сме доведени во ситуација играчите да бидат негативци, да морам да ги исфрлам. Два серии ми беа над глава. Има кодекс на однесување. Има многу повеќе луѓе кои се ок тоа беа одредени личности под дејство на алкохол.Точно е дека навиваат против мене, но во моментот кога некој ќе ја помине линијата…фрлање, пцуење, работи кои се поврзани со повреда, не може да не се реагира, ако некој го прави ова нон-стоп два часа, време е некој да направи нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.