Претседателот Стево Пендаровски објави дека во живо го следи Охридскиот пливачки маратон, за кој претходно неговиот кабинет алармираше дека нема средства за да се одржи и дека пливачката федерација има блокирана сметка за овој традиционален настан.
„Мирно езеро, среќа и успешна трка на годинешните учесници на 35. Охридски пливачки маратон.
Задоволство ми е што дел од трката проследив во придружба на ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои денеска ни се во посета во рамки на „Отворен Кабинет за талентирани ученици“. Се гледаме на целта, објави Пендаровски.
Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.