Ѕвездата на американски фудбал, Антонио Браун, се најде во центарот на скандал, но не поради неговата игра на теренот, туку поради несоодветно однесување во базен во хотел. Како што објави „Нујорк пост“, Браун го туркал својот гол задник во лицето на збунета жена во отворениот базен на луксузен хотел во Дубаи. Да биде скандалот поголем, Браун, потоа се потпира на ѕидот од базенот и ѝ ја покажува својата „машкост“, додека присутните гледаат во шок.

Жената прво се насмеала, но кога сфатила што точно се случува, брзо испливала подалеку од контроверзниот спортист.

Неколку пати и ја покажа својата „машкост“ и неколку пати ја праша дали го сака. Жената потоа излезе од базенот и побегна. Таа врескаше во ходникот и им се пожали на вработените за инцидентот – изјавиле сведоците на немилите сцени, додека вработените во хотелот одбиле коментар за ситуацијата.

Наводно, еден од вработените побарал од спортистот да го напушти хотелот, што тој и го направил, а наводно, ова не му е прв инцидент во овој хотел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.