Рускиот пливач, Евгениј Рилов, се најде на „црната листа“ откако му пружи поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.

Поради тоа, повеќекратниот олимписки шампион го загуби спонзорскиот договор што го имаше со компанијата „Спидо“ затоа што минатата недела беше на митингот за поддршка на на Путин на стадионот „Лужники“ во Москва, објави порталот „InsedeTheGames“.

Рилов е полициски наредник во градот Лобња, оддалечен 30-ина километри од Москва, па веројатно немал друг избор освен да се појави на митинг за поддршка на Путин и неговата акција во Украина – наведува „InsideTheGames“.

Истовремено, на социјалните мрежи се појави и список на спортисти кои учествувале на митингот.

На митингот Рилов на својата гардероба ја носел и буквата „З“, која е симбол на руската воена акцијана Украина. Поради таквата постапка, Светската пливачка федерација (ФИНА) во соопштението порача дека е „длабоко разочарана“ од појавувањето на Рилов на митингот и дека ќе спроведе истрага.

Рилов е носител на руски орден, што лично му го врачи Владимир Путин како награда и чест за двата златни медали освоени на Олимписките игри во Токио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evgeny Rylov (@evgesh.rylov2396)

Како и другите руски натпреварувачи, Рилов настапи во Токио како натпреварувач на „Руската олимписка федерација“ поради суспензијата на сите руски спортисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.