Полека наближувајќи се кон јубилејната 20ка, најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето.
Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата.
За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.