Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12 мај годинава. Пријавувањето ќе биде отворено до 30 април. Ако се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано, соопшти организаторот.
Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на пријавување, потребно е секој учесник да го одбере неговото таргет време со кое планира да ја заврши трката. Учесниците ќе бидат поделени во пет стартни боксови според таргет времето.
Стартот на трката ќе биде во 9 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ и по дел од булевар „Партизански одреди“.
Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени и највисоката парична награда ќе изнесува 30.000 денари.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Скопски Маратон, АК Работнички, додека покровител е Агенцијата за Млади и Спорт и Град Скопје.
Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.