Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го коментираше првиот меч сезонава на земјена подлога. Во второто коло на турнирот во Монте Карло, Циципас забележа победа, откако неговиот ривал Бенџамин Бонзи се повлече поради повреда при водство на Гркот со 4:1.
– Почнав одлично. Водењето 3:0 е секогаш добро. Генерално, мило ми е што се вратив на тлото на Монте Карло. Тоа е уникатно место на турнејата и мило ми е што повторно играме на овие терени. Враќа многу пријатни спомени. Жално е што ова му се случи на мојот противник. Му посакувам се најдобро, изјави Циципас за „АТП“.
Во следниот натпревар Гркот ќе игра со победникот од мечот Николас Хари (Чиле) – Алексеј Попирин (Австралија). Гркот е актуелен шампион на Мастерсот во Монте Карло
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.