Италијанскиот тенисер Јаник Синер се надеваше дека од допинг аферата ќе се „извлече“ само со одземање на бодови, но, сепак Светската антидопинг агенција има поинакви планови.

Судот во Лозана објави официјално соопштение во кое потврди дека Светската антидопинг агенција поднела жалба на одлуката поврзана со Синер. Меѓународниот арбитражен суд ги известил Синер, ИТИА и ИТФ за жалбениот процес.

Арбитражниот процес на КАС започна. Во овој момент не може да се утврди кога ќе биде донесена одлука. Одлуката на КАС ќе биде конечна, само со можност една од страните да поднесе жалба до швајцарскиот трибунал во рок од 30 дена, а тоа е можно само за некои ставки, подвлече Меѓународниот арбитражен суд во Лозана.

Светската антидопинг агенција бара од судот во Лозана да го потврди одземањето на сите награди на Синер за резултатите во Индијан Велс, но и да го суспендира на период од една година и два дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.