Меѓународната федерација за пливање и ватерполо (ФИНА) го официјализираше новото правило, според кое трансродовите лица повеќе нема да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Овој проблем доби посебно внимание кога Американката Лиа Томас со рекордно време ја освои националната колеџ титула во САД, а три години претходно се натпреваруваше во машка конкуренција.  Ова наиде на отпор кај јавноста и самите учесници, а ФИНА реши да ги промени правилата.

Новите правила кои се донесени со цел да гарантираат фер пливање за пливачките, се усвоени со 71% гласови „за“ од 152 членки на ФИНА. Така, трансродовите лица, со акцент на оние кои го промениле полот од машки во женски, повеќе нема да можат да се натпреваруваат со жени, туку ФИНА ќе воспостави посебна категорија наречена „отворено“, во која ќе се натпреваруваат трансродовите лица.

Исклучок ќе бидат само оние лица кои до 12-годишна возраст го промениле полот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.