По две години забрана за влез во земјава, Новак Ѓоковиќ конечно пристигна во Америка. Моментално е во Синсинати каде оваа недела ќе игра на престижниот Мастерс, по што ќе следи учество на последниот Грен слем сезонава – УС Опен.
Пред настапот во Синсинати, прв по четиригодишна пауза, српскиот тенисер одговараше на прашања на американските новинари. Прво, ги интересираше како се справи со поразот од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон.
“Не е прв ниту последен пат кога губам, па го преболев за еден ден. Очигледно, ми требаше навистина добар одмор потоа и малку време со моето семејство. Тоа и го направив. Се разбира, се покајав што не земав шансите за време на тоа финале“, изјави Ѓоковиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.