Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен ќе стартува од пол-позицијата на саботниот спринт пред неделната Формула 1 трка за Големата награда на Бразил.
Пијастри ја освои првата позиција во квалификациите откако во третиот дел постави време од 1:08.899 минути. Тој можеше да направи два брзи круга во последниот дел од квалификациите, надминувајќи го тимскиот колега Ландо Норис, кој успеа да направи само еден брз круг во последните 10 минути. Времето на Британецот, кој е во борба за светска титула со Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, беше само 0,029 секунди послабо од тоа на Пијастри.
Третиот резултат во квалификациите го забележа Шарл Леклер со Ферари. Возачот од Монако заостануваше 0,254 секунди зад Пјастри. Четврти со заостанување од 0,320 секунди е Верстапен, кој се претстави многу посилно отколку на тренингот претходно во текот на денот, на кој беше 15-ти.
Шпанецот Карлос Саинц ќе стартува од петтата позиција во спринтерската трка со Ферари, кој заостана 38 илјадити делови од секундата зад Верстапен. Шести е Британецот Џорџ Расел со Мерцедес, кој, сепак, заостануваше повеќе од половина секунда зад Пјастри.
На само четири трки до крајот на сезоната во Формула 1, Верстапен има 47 поени предност пред Норис во поредокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.