Во искреното интервју за весникот „Политика“, Срѓан Ѓоковиќ, за прв пат откри малку познат детал, дека неговиот син го посетил патријархот Павле кога поглаварот на СПЦ бил на смртна постела. Таа средба се случила есента 2009 година, кога Новак веќе почна да освојува големи трофеи.

Срѓан Ѓоковиќ во интервју за „Политика“ ги откри деталите од таа досега непозната посета на Новак.

„Мислам дека беше ноември 2009 година. Влеговме во неговата соба. Покојниот патријарх Павле, , седеше во фотелја на страна, полузаспан. Мојата сопруга Дијана, Марко, Ѓорѓе и јас седнавме на работ од креветот, а Новак седна до него.

Ѓаконот рече – Оче, Новак дојде, благослови го. Патријархот ги отвори очите, се сврте кон Новак и рече „сине, Господ да те благослови“. Ја стави раката на Новак. Од тој момент Ноле имаше 43 победи во низа“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.