Сведоци сме на тортурата низ која поминува Новак Ѓоковиќ во Австралија. Српскиот тенисер доби право да остане во земјата на суд и да се натпреварува на Австралија опен, но министерот за имиграција реагираше и се уште не е јасно дали Србинот ќе може да игра на Австралија опен – или ќе биде депортиран.
Семејството Ѓоковиќ најави нова прес-конференција за денеска во 12 часот, а потоа терминот е поместен за 14 часот, а ќе можете да го следите преку блогот Блиц спорт во живо.
Очигледно, една од причините е она што Срѓан Ѓоковиќ го откри за Би-Би-Си, дека на конференцијата преку видео врска ќе се приклучи и Новак Ѓоковиќ.
Доколку тоа се случи, тоа ќе биде прво јавно обраќање на најдобриот тенисер по заминувањето во Мелбурн, ако не ги сметаме објавите на социјалните мрежи во вид на божиќни честитки и пораки кои ги пренесуваат членовите на неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.