Новак Ѓоковиќ по неуспехот на Австралија опен реши да одмора до март кога најверојатно ќе замине на турнеја низ Азија.

Што се однесува до резултатите, Ноле е во малку криза.Сепак, нешто слично му се случи пред две и пол години, кога беше во лоша форма пред Ролан Гарос, а потоа освои два Грен слем трофеи.

Тогаш Новак со сопругата Јелена отпатува во српско село кај Златибор каде отвори градинка. Тоа е Љубиш, село во општина Чајетина.

Очигледно на Ѓоковиќ многу им се допадна посетата на ова село, па ја искористија приликата да уживаат во специјалитетите, а го пробаа и најдолгиот зиплајн во Србија.

Дали Љубиш навистина разбуди нешто посебно во Новак? Можеби тоа е неговата тајна на успехот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.