Луксузно возило „Ферари 250 ГТО“ од 1962 година беше продадено синоќа на аукција во „Сотби’с“ во Њујорк, САД, за 51,7 милиони долари. Официјално, ова е вториот најскап колекционерски автомобил продаден на наддавање.

По производството и неколку години возење ширум Италија, ова „Ферари“ во 1960-тите било пренесено во САД. Возилото било продадено и во 2018 година, исто така во „Сотби’с“, за 48 милиони долари. Автомобилот претходно цели 38 години бил во сопственост на американски колекционер.

Рекордот, сепак, го држи „Мерцедес бенз 300 СЛР“, продаден за 135 милиони евра во мај 2022 година, пренесува БЕТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.