Олимписката победничка во ритмичка гимнастика, 22-годишната Израелка Линој Ашрам, објави дека заминува во пензија и ќе се посвети на тренерската работа.
Ашрам минатата година на Олимписките игри во Токио стана првата Израелка, која освои златен медал во повеќебој, со тоа прекинувајќи ја 20-годишната руска доминација.
Знам дека ова патување вредеше, бидејќи на мојата визит-карта пишува „олимписка победничка. Спортистот мора да знае кога треба да се повлече. Јас го остварив својот сон. Ќе продолжам, но од другата страна – посочи олимписката победничка, додавајќи оти ќе му се приклучи на тимот на својот поранешен тренер Ајелет Сусман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.