Полската тенисерка Ига Швјотнек се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако Американката Даниел Колинс ѝ го предаде дуелот во третиот сет.
Швјонтек го доби првиот сет со 6:1, а Колинс беше подобра во вториот со 6:2. Полската тенисерка водеше со 4:1 во третиот сет, пред Колинс да го предаде мечот.
Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето ќе игра против Кинвен Жен од Кина.
На машкиот олимписки турнир, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се пласираше во, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:3, 7:6.
Противник за пласман во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Серундола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.