Македонската одбојкарска репрезентација по три порази по ред, конечно се израдува на победа откако во Скопје ја совладавме селекцијата на Романија со 3-1 (25-21, 22-25, 25-19 и 25-22).
Македонските одбојкари во петтото коло од Европската сребрена лига, ја забележаа втората победа.
Првиот сет ѝ припадна на Македонија со 25-21, во вториот вратија Романците добивајќи го со 25-22 и израмнија на 1-1 во сетови.
Третиот сет беше нашиот најдобар, го добивме со 25-19 и го вративме водството, во четвртиот бевме подобри со 25-22 и ја заверивме победата од 3-1.
На коло до крајот Македонија е на третото место со седум бода, втора е Албанија со 10, лидер е Романија со 11 бода, последна е БиХ со само два бода.
Во последното коло Македонија гостува кај Босна и Херцеговина, а Романија ја пречeкува Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.