Според неофицијални информации кои ги објавија белградските медиуми, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) нема да настапи на претстојниот Мастерс турнир во Париз.

Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во салата Берси, а тоа речиси сигурно значи дека нема да игра во финалето на АТП во Торино, дури и да се пласира меѓу осумте најдобри играчи во светот, објави Спортклуб.

Мастерсот во Париз е закажан од 28 октомври до 3 ноември.

Ѓоковиќ има седум титули на турнирот во Париз, од кои последната ја освои лани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.