Новак Ѓоковиќ се уште не е сигурен дали може да настапи на „Ролан Гарос“ поради новото заострување на мерките од француската влада.

Според новите прописи кои ќе стапат на сила на 15 февруари, сертификатот за вирусот со кој Новак би можел да влезе во земјата и да присуствува на натпреварувањето ќе важи само четири месеци.

Ваквите мерки ги намалуваат шансите на Ѓоковиќ да биде на „Ролан Гарос“ бидејќи тој беше позитивен на коронавирус во средината на декември.

До 22 мај и почетокот на турнирот, на Ѓоковиќ ќе му истече сертификатот за вирусот, а тој може да биде во Париз само ако одлучи да се вакцинира или пак да биде позитивен на вирусот во иднина.

Сепак, мерките често се менуваат од ден на ден, а турнирот е се уште далеку.

Почнува на 22 мај и трае до 5 јуни, а Србинот треба да ја брани титулата освоена лани.

Според извештајот на француското Министерство за спорт, за случајот на Ѓоковиќ нема да има исклучоци доколку е неопходна само вакцина, бидејќи вакцинацијата се однесува на сите граѓани и патници.

Ова ќе важи за секој што е гледач или професионален спортист. И ова е точно до понатамошно известување. Што се однесува до Ролан Гарос, тоа е во мај. Дотогаш ситуацијата може да се промени и се надеваме дека ќе биде поповолна. Ќе видиме, но јасно е дека нема исклучоци, соопшти Министерството претходно оваа недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.