Еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на АТП турнирот во Аделаида, откако во полуфиналната пресметка славеше против Русинот Данил Медведев во два сета.

Во меч во кој го мачеа и серија повреди, Ѓоковиќ успеа да се издигне и над повредите и над Медведев и по околу час и половина да слави со 6-3, 6-4.

Во финалето, Србинот ќе се соочи со Американецот Корда кој во првото полуфинале беше подобар од Јапонецот Нишиока, кој го предаде мечот поради повреда по првиот загубен сте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.