Најдобриот светски тенисер, Новаќ Ѓоковиќ, порача дека по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката.

Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството“, изјави Ѓоковиќ во опширно интервју за американскиот телевизиски канал „Си-Би-Ес“.

Триесетишестгодишниот Ѓоковиќ најави дека сè уште е далеку да стави крај на својата импозантна кариера и порача оти е подготвен да продолжи со соборување на рекордите.

Српскиот тенисер досега во својата кариера освои рекордни 24 грен-слем титули, а триумфираше и на 39 мастерс турнири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.