Адвокатите на Новак Ѓоковиќ  пред австралиските власти презентираа доказ дека српскиот тениски ас добил позитивен тест на ловид-19 на 16 декември, што според нив значи дека не можел да прими вакцина. Тие побараа да им му се одобри визата за да може да настапи на првиот гренд слем во оваа година.

Според „Би-Би-Си“, кои први ја објавија информацијата, ова му оди во прилог на случајот на Ѓоковиќ и е цврст доказ кој ја поткрепува неговата жалба.

Во меѓувреме, српските медиуми пишуваат дека Новак најверојатно се заразил во Белград на кошаркарскиот меч меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона, во салата „Александар Николиќ“, на 14 декември.

Тој после мечот во преполната сала се сликал со Најџел Хејс Дејвис, кој следниот ден добил позитивен тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.