Нова светска рекордерка на 400 метри слободен стил е 16-годишната канадска пливачка Самер Меклнтош, која најдобриот резултат на сите времиња го исплива на националните квалификации за Светското првенство.
Новиот светски рекорд во оваа дисциплина изнесува 3:56, 08 со што младата Канаѓанка за 32 стотинки го подобри досегашното најдобро време, кое го постави Арни Титмус од Австралија.
Ова е неверојатен резултат. Не очекував дека во овој момент можам да испливам светски рекорд, но, истовремено е и доказ дека сè е можно. Целосно се посветив на пливањето, но ваков неочекуван скок во резултатите не можев да предвидам, изјави Меклнтош.
Канадската пливачка воедно е светска вицешампионска на 400 метри слободно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.