Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ изјави дека не може да влезе во САД за да учествува на турнирот во Индијан Велс.
– Засега ситуацијата е таква што нема да можам да учествувам на турнирот. Ајде да видиме како ќе биде. Мислам дека околностите може да се променат во следните неколку недели, ја цитира изјавата на Србинот „Tennishead“.
За потсетување, влезот во САД е забранет за оние кои не се вакцинирани против коронавирус.
Ѓоковиќ претходно изјави дека во принцип нема да се вакцинира и затоа е подготвен да ги прескокне турнирите на кои ова барање е задолжително.
Ѓоковиќ на 21 февруари го одигра првиот натпревар по скандалот во Мелбрун, кога не му беше дозволено да остане во земјата и да учествува на Австралија опен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.