Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната спринтерска трка во Формула 1 за Големата награда на Бразил.

Норис до победата на патеката во Сао Паоло и нови осум бодови дојде со резултат 29:46.045 минути.

Втор беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри, со заостанување од 0,593 секунди, а трет актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул, со заостанување од 1,497 секунди зад победникот.

Бодови на спринтерска трка во Сао Паоло освоија и Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Серхио Перез.

Трката за Големата награда на Бразил е на програмата утре од 18.00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.