Новак Ѓоковиќ триумфално го започна настапот на Мастерсот во Рим. Српскиот ас победи во 2. коло над Томаш Ечевери со 7:6, 6:2.

Новак по крајот на натпреварот даде изјава за натпреварот, но и за се што и се случи на неговата Србија. На крајот не можеше да ги задржи солзите:

 

– Би сакал да им кажам на сите дека најискрено ми е жал. Не сум имал можност до сега да и се обратам на јавноста во врска со овој масакр. Моето најдлабоко сочувство до сите семејства на починатите деца. Јас сум родител на две мали деца и можам само да замислам како се чувствуваат тие родители. Им посакувам сила и љубов, се надевам дека ќе го преболат ова… – низ солзи рече Новак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.