Ноле беше нервозен откако загуби еден сет на денешниот дуел со Тејлор Фриц.  Во  првиот сет, тој седна на својата клупа и делуваше прилично бесно додека „копаше“ во чантата и ја бараше потребната храна, пијалоци и витамини што му ги подготвил неговиот тим, но не ги најде. Бесот го исфрли на кого ако не на Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ бараше  електролити кои обично им помагаат на тенисерите во такви услови, но никој од неговиот тим во тој момент не гледаше во него. Затоа мораше да вика, на што Иванишевиќ додаде дека „г ставил во торбата на страна“. Тој потоа побара од својот тим да го гледа, па тренерот уфрли: „Што да гледам, ти ***, ти ставив се!“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.