Веднаш по добивањето на информациите и деталните резултати од магнетната резонанца, Новак започна нова мисија – опоравување до Олимписките игри во Париз.

Веднаш биле контактирани водечките стручњаци за ваков вид повреди и операции во Србија и светот. Ноле и неговиот тим работат напорно за да го најдат најдоброто решение и клиниката каде ќе биде опериран, за да може веќе да го започне процесот на опоравување од повредата.

Новак сака да биде подготвен и не се откажал од настапот на Олимписките игри. Сега веќе почнува трката со времето, за да се опорави пред почетокот на Олимписките игри во Париз.

Сосема е сигурно дека следен чекор ќе биде операцијата на менискусот на Новак, веројатно во некоја странска клиника која е најдобра кога станува збор за овој тип на операција. И тогаш започнува трката со времето.

Олимпискиот тениски турнир започнува на 27 јули, а дотогаш остануваат нешто повеќе од седум недели.

Останува само да се надеваме дека повредата не е од сериозна природа и дека ќе има шанси Новак да се опорави.

Нема сомнеж дека хируршката интервенција ќе ја изведат најдобрите светски стручњаци и дека нема да има грешки, а се надеваме и дека Новак ќе успее да се опорави од Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.