Карлос Алкараз почувствува како изгледа кога Новак Ѓоковиќ систематски ќе почне да те уништува со совршена демонстрација на беспрекорна тактичка подготовка

Се чувствуваше во воздухот и при таа размена на удари во четвртиот натпревар. Новак Ѓоковиќ од самиот почеток имаше јасен тактички пристап и сакаше да биде тој што го диктира пред се темпото, потоа како Карлос Алкараз ќе изгледа на теренот, односно што ќе му се дозволи, а што не. . Србинот максимално ја контролираше играта, го шеташе растрчаниот Шпанец горе-долу, лево-десно и го натера брзо да остане без сили, што на победникот на 22 Грен слемови му го донесе првиот брејк од мечот.

Низ таа низа јасно се чувствуваше нивото на тактичка подготвеност на Новак, која секогаш е беспрекорна. За дуел со, многумина ќе речат, надградена верзија на Рафаел Надал од неговите помлади денови, 16-годишниот играч треба паметно да се постави и рамномерно да ја троши енергијата што ја има во изобилство дете од калибарот на Алкараз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.