Голема победа на Новак Ѓоковиќ на Федералниот и семеен суд во Мелбурн! Најдобриот српски тенисер го „победи“ случајот против Владата на Австралија. Судијата Ентони Кели нареди негово итно ослободување и враќање на личните предмети и пасошите по судењето кое траеше околу седум часа.

Откако целото судење доцнеше за околу половина час, се огласија адвокатите на Новак кои речиси два и пол часа го објаснуваа ставот на Ѓоковиќ. Имаше кратка пауза, а потоа претставникот на Владата на Австралија зборуваше пред Кели само 30 минути…

Судијата Кели објасни дека Ѓоковиќ има комплетна документација за медицинското ослободување и дека ги почитувал сите правила што му биле поставени и дека Владата не му дала доволно време да го извести за поништување на визата.

Наредено е Владата на Австралија да ги плати сите трошоци, а пасошот и личните работи на Новак да му бидат вратени.

Дека ова беше „победа“ само во првиот круг, се потврди подоцна кога адвокатот на австралиската влада посочи дека министерот за внатрешни работи има право повторно да го „приведе“ Ѓоковиќ по своја дискреција, по што случајот може да биде вратен на судовите.

Секако дека е направен голем чекор кон разрешување на случајот и учеството на Новак на Австралија опен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.