Со оглед на тоа што Тара и Стефан Ѓоковиќ се деца на еден од најдобрите спортисти на сите времиња, сосема е логично јавноста да очекува од нив да живеат во луксуз и раскош за кој „обичниот свет“ може само да сонува.

Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква. Јелена и Новак Ѓоковиќ на своите наследници им уредиле простор за живеење што го има секое просечно дете.

Детската соба на Стефан и Тара Ѓоковиќ е уредена на минималистички начин. Има неутрални бои, а единствено што го имаат во изобилство се интерактивните играчки, кои им помагаат на децата да развијат интелигенција и концентрација.

Новак и Јелена даваат се од себе за да ги воспитаат децата да бидат скромни, како и да ги научат на вредноста на учењето. Нивниот дом е исполнет со книги, љубов и насмевки, но дефинитивно не и материјален луксуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.