Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против тенисерката од Аргентина Јулија Риера.

Ривалката има 22 години и се наоѓа на 122 место на ВТА листата и е треторангирана тенисерка во Аргентина.

Таа минатата година имаше настап во квалификациите на овој грен слем турнир (второ коло квалификации), а сега е рангирана како 19-та носителка во квалификациите.

Мечевите од првото коло од квалификациите во двете конкуренции на УС Опен ќе се играат денес и утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.