Најмалку 40 спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз се позитивни на Ковид-19, но ситуацијата не е изненадувачка со оглед на порастот на случаите низ светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
„Не е изненадувачки да се видат заразени спортисти бидејќи вирусот доста брзо циркулира во другите земји“, рече д-р Марија Ван Керхове, шеф на Канцеларијата за подготвеност за епидемии и пандемии, за време на брифинг со новинарите во Женева.
Таа нагласи дека вирусот сè уште е многу присутен во светот.
„Податоците што ги собира СЗО преку системот за надзор во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови е зголемен во последните недели, во Европа за околу 20 отсто. Ова зголемување доведе до зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи во неколку земји“, рече Ван Керхове.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.