Многумина веројатно не ни знаат дека пикадото не е само хоби за кафулиња и пабови, туку дека е сериозен, професионален спорт, но реакцијата на навивачите за време на финалето на Светското првенство е сосема нереална.

Англичанецот Мајкл Смит стана светски шампион во пикадо, откако го победи Мајкл ван Гервен од Холандија во финалето на Светското првенство.

Така Смит се искачи на врвот на ВТА-листата, но заработи и неверојатни 500.000 фунти, кои беа наменети за шампионот.

Поразениот Ван Гервен доби „само“ 200.000 фунти, а последната битка беше спектакуларна.

Смит победи со резултат 7:4, а се одигра и најдобрата „нога“ во историјата на овој спорт.

Новиот светски првак го заврши со најмал можен број фрлања, а пред него беше неговиот ривал.

Реакцијата на публиката е апсолутно неверојатна, па дури може да се каже дека на многу фудбалски стадиони ретко може да се види вакво нешто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.