Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал застана во одбрана на колегата Јаник Синер во врска со неговите два позитивни теста на допинг проверка.
-Го познавам Јаник и убеден сум дека тој не направил ништо за намерно да се допингува – истакна Шпанецот кој многупати беше обвинуван дека земал нешто незаконско, но тоа никогаш не се докажа.
Дури и кога беше јавно обвинет за тоа од поранешната министерка за спорт на Франција, тој доби судски процес против неа на суд, и тоа во Франција.
– Исто така не верувам дека правдата треба да ни се допаѓа само кога работите се случуваат онака како што мислиме дека треба, изјави Надал при гостување во една емисија во Шпанија.
Убеден е дека Јаник не бил суспендиран бидејќи луѓето што одлучувале за овој случај јасно увиделе дека тој не направи ништо зошто треба да биде казнет.
„Кралот на земја“ не ни помислува дека Синер бил занемарен поради неговиот статус на најдобар тенисер во светот. Иако има неколку примери како други тенисери во слични ситуации биле строго казнети и на тој начин оштетени бидејќи не можеле да играат додека не се докаже дека не се виновни.
-Не верувам дека не е казнет затоа што е Синер, додека некој друг во таа ситуација ќе беше казнет. Убеден сум во тоа – објасни тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.