Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир во Париз.
Надал и Алкараз ги елиминираа во второто коло Холанѓаните Талон Грејкспор и Весли Колхоф со 6:4, 6:7(2), 10-2 за два часа и 24 минути игра пред преполните трибини на теренот „Сузан Ленглен“.
Следни противници на шпанската двојка ќе бидат Американците Остин Кричек и Раџив Рам, кои се четврти носители на турнирот.
Надал веќе испадна од сингл конкуренцијата по поразот од Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз утре во третото коло ќе игра со Русинот Роман Сафиулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.